Ние изведуваме инсталција и тестирање на релејна заштита и автоматизација. Имаме искусен тим кој добро ги знае продуктите, можностите за проектирање и комуникациските решенија. Ние им помагаме на нашите клиенти да го најдат најдобриот пристап, притоа водејќи сметка за трошоците и ризиците.
Имаме искуство од две децении во проектирање и изведба на електрични инсталации за: AC/DC разводни ормари, релејна заштита и припрема за далечинско управување на трансформаторски станици.
Опремата која ја нудиме е достапна за користење во трансформаторски станици, електрани и индустриски објекти. Ние можеме да понудиме целосна имплементација, која вклучува, планирање, транспорт, инсталација и одржување.